60-годишен болничар од Штип допирал малолетничка од Радовиш

1660

Полициски службеници од СВР Штип вчера го уапсија болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница – Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.

Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестБилетарницата на Арената денеска ќе работи од 10 до 18 часот
Следна вестВчера 667 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава