62-годишен маж ја нападнал вработената и ограбил обложувалница во Скопје

62-годишен маж физички нападнал вработена во обложовалница и ги одзел парите. Тој бил задржан во полициска станица.

– Вчера околу 16.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода Ш.Р.(62) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 09.20 часот во спортска обложувалница на ул.„Натаниел Кучевишки“ во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари. Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛевица бара платено породилно отсуство и за жените кои што работат земјоделие
Следна вестПронајден подводен пат стар 7.000 години