64 ќесички дрога и шприцеви со црна течност пронајдени кај скопјанец

Полицијата вчера извршила претрес кај 33-годишен скопјанец во населбата Карпош, при што пронашла неколку видови на дрога и шприцеви.

– На 31.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје. Кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица.

Претходна вест„Ех таа серенада“, повторно во Битола
Следна вестГермански медиуми: Нашминкана за војна со Русија, германска министерка дала 300.000 евра државни пари за козметика и фотограф