65 новозаразени со Ковид – 19, три лица починаа

Во последните 24 часа од направени 695 тестови регистрирани се 65 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новите позитивни случаи се регистрирани во следните градови: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

Регистрирани се 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.

-Едно лице од Кавадарци на 77 – годишна врозарст почина од последици на болеста. Во регистерот на умрени лица запишани се уште две починати лица во периодот по 15 септември –  од Скопје (86 г.) и Битола (65 г.), се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

 

Претходна вестЖан Митрев со 1 милион евра гарантира дека нема да бега
Следна вестИ две деца меѓу деветмина повредени во сударот на булеварот „Словенија“