66 лица не го почитувале полицискиот час, 37 биле приведени

Полицијата при контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдила дека 66 лица не ја почитувале забраната. Поради ова приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, во изминатите 24 часа, според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Покрај ова полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.