Седум наши граѓани ја изгубија битката со ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти попладнево Министерството за здравство, но заедно со уште шестмина кои починале во текот на декември, денешната црна статстика бележи 13 смртни случаи.
Тринаесетмината починати се од Скопје и тоа шест (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), тројца од Гостивар (81г, 63г и 59г), двајца од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г).
Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.
Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, (речиси 10 отсто), од кои најмногу од Скопје – 78.
Регистрирани се и 206 оздравени пациенти.
Со ова, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 97.052, на починати, а на 2.989, додека активни случаи има 6.411, од кои 2.893 во Скопје.