700 метри кеј, како 700 километри автопат да е

Кејот позади ГТЦ не е подолг од 700-800 метри, додека ширината му е уште помала. Зошто ги споменуваме овие цифри? За да биде појасно колку мала површина, градот Скопје и Општина Центар, не можат да средат веќе скоро две години. Многу најави добивме, малку започнати акции имаше, а резултатот е скоро нула.

Некогаш прекрасниот дел од градот сега е нешто како две улицци и во средината набутани многу летни тераси на кафеани. Ниту е шеталиште, ниту е сообраќајница, ниту кеј…

Испокршени плочки, контејнери преполни на место каде не им прилега, неисправни фонтани кои прават езерца околу себе, див паркинг… и да не набројуваме уште…

А се работи за мал простор кој може да биде голем украс на Скопје. Но некој изгледа бега од работа, како да се во прашање 700 километри автопат.