73-годишен велосипедист тешко повреден во Гази Баба

Со тешки телесни повреди се здобил велосипедист во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Гази Баба.

-На 02.03.2021 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 308“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(26) од Скопје и велосипед, управуван од Ш.А.(73) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе го задолжи секој граѓанин во Македонија со нови 22.000 денари
Следна вестЗемјотрес со епицентар во Грција го стресе и Скопје