74 адвокати бараат одложување на рочиштата во Кривичниот суд

Повеќе адвокати со известување се обратиле до повеќе истанци во Македонија изразувајќи незадоволство поради продолжување на судењата. Имено, 74 адвокати го обвинија Основниот кривичен суд Скопје дека врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во Скопје.

Адвокатите бараат итно да се преиспита одлуката за продолжување на 308 судења. Тие велат дека не постојат услови за почитување на забраната за истовремено присуство на повеќе од пет лица на отворен простор.

-Многумина од нас покрај клиентите во овие предмети имаме и континуиран контакт и со други клиенти, така што ги изложуваме на ризик и клиентите и нивните семејства, но и нас самите и нашите семејства, стои во известувањето испратено до Судскиот совет, Врховнот суд, премиерот…

Во известувањето потпишано од 74 адвокати, тие бараат правото на живот за нив и нивните клиенти да биде третирано со еднаков третман како и за останатите граѓани на Македонија.