75 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице

Од направени 1.112 тестови  регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 52, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 12 реинфекции. Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Битола – 12, Прилеп – 3, Тетово и Гевгелија – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (86г), починато во болнички услови на датум 31.05.2022 година, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.097, бројот на оздравени пациенти е 302.290, на починати е 9.307, а бројот на активни случаи изнесува 500.

Претходна вестМалолетник тешко повреден откако во него удрил автомобил
Следна вестРКЕ повторно ќе носи одлука за цената на горивата