Македонските одбојкари поразени од Данска

Македонската одбојкарска репрезентација вечера загуби од Данска со 0:3 во 3. коло од А-групата на Европската сребрена лига.

Мечот во салата „Парк“ во Струмица, гостите го отворија со 25:21 во првиот сет, во вториот беше 25:23, додека третиот заврши 26:24.

Најефикасни кај „црвено-жолтите“ беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени, Александар Љафтов и Ристо Николов запишаа по осум поени. Кај Данците се истакна Јенсен со 20 поени.

Со оваа победа, Данска направи голем исчекор кон пласман на завршниот „фајнал фор“ турнир, на кој домаќин ќе биде македонската репрезентација исто така во Струмица.

На првиот натпревар од 3. коло во оваа група, Израел го победи Кипар со 3:2.

Данците се први на табелата со осум бодови, Македонците имаат шест, Израел е трет со 3, Кипар последен со еден бод.

Следниот турнир ќе се игра во Данска од 28 до 30 мај.

Претходна вестРаспаднатиот кауч со порака: Се уште има кабаст отпад за собирање
Следна вестСе сеќавате ли на големите ветувања дека домовите во Скопје од 2020 ќе добијат гас?