Ударот со велосипед во бетонска ограда бил кобен за 78-годишниот велоиспедист вчера претпладне во скопската населба Долно Лисиче. МВР денска соопшти дека лицето кое загинало е В.Б. од оваа село.
–Вчера во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„1“ во с.Долно Лисиче во Скопје, В.Б.(78) од с.Долно Лисиче, управувајќи велосипед, удрил во бетонска ограда по што паднал на коловозот и починал на местото на незгодата, се наведува во соопштението.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.