8 лица меѓу кои 4 деца, искасани од огромно куче тешко 72 килограми

Расно куче тешко 72 килограми нападна и искаса 8 луѓе од кој 4 ученици во Куманово. Од Ургентниот центар на Кумановската болница за медиумите велат дека нападнатите биле примени со повреди на нозете, колкот, грбот и стомакот.

– Стоев пред пекарата кога кучето дотрча и ме касна за бутината. Не го видов и не го очекував, јас сум најмногу повреден, другите успеаа да избегаат и имаат помали повреди. Кучето ми дојде од зад грб, не беше провоцирано да нè нападне, изјави за медиумите еден од учениците.

Да настане поголема штета спречиле и вработените од ЈП „Чистота и зеленило“, кои во тој момент работеле на терен, па со нивната реакција спречиле кучето да нападне повеќе луѓе.

По пријава од граѓаните на терен излегла екипа од Ветеринарниот центар „Тодор Велков“ по налог на Инспекциските служби на Општина Куманово а во соработка со Агенцијата за храна и ветеринрство, кучето е пронајдено и заловено.

– Се работи за големо расно куче од расата азијат тешко 72 килограми , со пресечени уши и опашка. Станува збор за чувано куче, кое можеби е подготвувано за борби, а му побегнало на сопственикот. Не беше агресивно додека го заловивме, се вели во изјавата од инспекторите за некои медиуми.

Инаку, кучето немало ременче, ниту има чип за евиденција кој е сопственикот. Полицијата трага по него.

Ова не е прв случај од ваков вид. Жителите на Куманово, како што велат, постојано апелираат до надлежните  да најдат решение на проблемот со кучињата, за да можат безбедно да се движат по улиците.

 

Претходна вестПочинат маж пронајден на улица
Следна вестПендаровски на средба со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј: Легитимен Томос за автокефалност е оној кој го издава Вселенската Патријаршија