Да сум премиер, ќе го одземам нелегално стекнатиот имот и ќе го вратам на граѓаните

За Дејан Најдовски, возач по професија, од општина Илинден приоритет би било отстранување на неправдите во општеството

1. Враќање на вербата во правдата

Во изминативе децении граѓаните се сведоци на тоа како се појавуваше каста на лица кои се збогатиле преку ноќ и под сомнителни околности. Но, по правило, најчесто со малверзации при приватизацијата на општествените фирми или на други шпекулативни начини. Тоа создаде голема неправда во општеството бидејќи се работи за имотот на граѓани кои претходно им припаѓал на сите граѓани. Во улога на премиер, јас би покренал акција за преиспитување на стечениот имот каде што постојат основани сомневања за направените малверзации. По тоа би следело и одземањето на нелегалниот имот и неговото враќање на граѓаните преку разни начини. Ова е еден од патиштата да се врати вербата во правдата во земјава.

2. Покачување на платите

Платите на вработените во земјава се поразително ниски. Со години сме на најдолно ниво во регионот од кое никако да се поместиме. Покачувањето на платите на вработените мора да стане приоритет за премиер и јас тоа би го направил. Начини за тоа има. Треба само да се тргне со најразлични економски мерки кои треба да ја добијат поддшката и од газдите на фирмите кои сега, најчесто, исплатуваат минимални плати или само малку повеќе од нив.

3. Враќање на уставното име Република Македонија

За свој приоритет би го поставил и враќањето на уставното име на нашата земја Република Македонија.Јас сум меѓу оние наши граѓани кои не ја прифаќаат додавката „Северна” и со тоане можам да се помирам. Тоа е голема неправда нанесенана македонскиот народ кое еден ден мора да биде исправена. Моите заложби за тоа ќе почнат веднаш. Знам дека тоа нема да биде лесноно ако некој не започне, неправдата ќе остане засекогаш.

Претходна вестЗа случаите со заразени ученици, институциите гледаат по принципот чашата е полуполна или полупразна
Следна вестШто ако мнозинството граѓани побараат вакцинирани попишувачи, кога ќе им обезбедите?