89-годишен велешанец тешко повреден, паднал при излегување од автобус

Едно лице е тешко повредено во незгодата што се случила вчера во Велес, информира полицијата.

МВР соопшти дека вчера во 08.10 часот во СВР Велес бил пријавен ваков настан.

-На улица „АСНОМ“ во Велес, во близина на бензинска пумпа, при излегување од автобус „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот С.М. од село Горно Оризари, велешко, кој застанал за да излезат патници, 89-годишниот П.К. од Велес паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, извести МВР.

Претходна вестПа, добро бе… кој ги прави проектите и трасите за македонските патишта?
Следна вестПриведен 55-годишен маж, предизвикал пожар во гостиварско