89 новозаболени од Ковид – 19, двајца починати

Вчера е направен е 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив, во Скопје има 59 случаи, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево – по 3, Куманово ,Прилеп , Штип и Берово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани ,Гевгелија и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен – по 4, Штип и Кичево – по 3, Гевгелија и Велес – по 2, Куманово, Берово, Струмица, Дебар , Валандово, Богданци и Кратово – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (85г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70г), починат во домашни услови,починат на 30.04.2022 година, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.

Претходна вестСрбија: Четири држави го повлекле признавањето на Косово, две големи држави и помагаат на Приштина
Следна вестКовачевски ја видел снимката од парламентот, ама на неа ништо не се гледало