Промовирање на музика од Трајковски

Горан Трајковски авторот на музиката во филмот „Ругање со Христос“, ќе го промовира албумот со музика од филмот „Скомраси Апсурдистански“, вечерва, со почеток во 19 часот, во просториите на Пасворд продукција.
На ЦД од албумот се наоѓаат 12 оригинални песни создадени за филмот на Јани Бојаџи. Дел од нив посетителите ќе можат да ги слушнат во живо, а со Горан Трајковски ќе свират Петар Христов, Ана Митоска, Мите Димовски, Игор Василев, Благоја Неделковски и Сеад-Сецко Хаџиќ. Влезот е бесплатен.
Трајкоски е македонски композитор на театарска и филмска музика, но и инструменталист, вокален интерпретатор и композитор.