96 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 3 починати лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19. Како што информираат од Министерството за здравство новозаразените се во: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.

До сега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

Претходна вестПочна реконструкцијата на дел од улицата „Димо Хаџи Димов“
Следна вестМухамед Зеќири сведочеше против Рашковски: Владата немала одлука да се набави софтвер за сообраќајни прекршоци