98 казни за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (26.06.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Претходна вестГраната пронајдена во Македонски Брод
Следна вестСончево и топло, попладне дожд и грмежи