„Стихови за душа“ централна манифестација на „Илинден 2019“

Поетскиот митинг на 17 мај „Стихови за душа“, е централниот настан на годинешната 20 по ред јубилејна литературна манифестација „Илинден 2019“ која ќе трае до 18 мај. Се одржува во Домот на култура „Илинден“ во истоимената општина.
Во рамките на манифестацијата, која почна вчера, се случува и саем на книгата, каде што љубителите на литературата ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги. Во склоп на оваа манифестација ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди.