Ѓоковиќ призна дека нема да може да игра во САД бидејќи не е вакциниран

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ изјави дека не може да влезе во САД за да учествува на турнирот во Индијан Велс.

– Засега ситуацијата е таква што нема да можам да учествувам на турнирот. Ајде да видиме како ќе биде. Мислам дека околностите може да се променат во следните неколку недели, изјавил тој за спортско списание

За потсетување, влезот во САД е забранет за оние кои не се вакцинирани против коронавирус.

Ѓоковиќ претходно изјави дека во принцип нема да се вакцинира и затоа е подготвен да ги прескокне турнирите на кои ова барање е задолжително.

Ѓоковиќ на 21 февруари го одигра првиот натпревар по скандалот во Мелбрун, кога не му беше дозволено да остане во земјата и да учествува на Австралија опен.

Претходна вестСе направи ли се што требаше Скопје да не биде пак во темница поради дефекти во електро-мрежата?
Следна вестСреќа наша Универзална сала не може да оди…