Home АКТУЕЛНО Нашиот амбасадор во Киев поголем дел од времето е во скривница, семејство од Одеса бара евакуација

Нашиот амбасадор во Киев поголем дел од времето е во скривница, семејство од Одеса бара евакуација

0
Нашиот амбасадор во Киев поголем дел од времето е во скривница, семејство од Одеса бара евакуација

Нашиот амбасадор Кирил Ефремов и уште еден дипломат во Киев, заедно со уште двајца граѓани, поголемиот дел од денот и ноќта го поминале во скривница, а МНР се обидува да ги евакуира со конвоите кои би ги организирале и другите земји за нивните амбасади.

-Ние сме во комуникација со нашата амбасада, за жал, ситуацијата не е добра, посебно во Киев. Имав неколку контакти со колеги и министри од регионот, има околу 20-ина амбасадори на ЕУ во Киев кои исто така не може да излезат. Правиме аранжмани, доколку која било од овие земји што имаат амбасади таму обезбеди прв транспорт, да можеме и нашите дипломати да ги извадиме до Полска, рече Османи.

Во источниот дел на Украина заглавено е семејство со едногодишно дете, а има и граѓани кои се во Одеса за кои МНР контактирало со Бугарија која има таму конзулат со цел заедно со бугарските да се евакуираат и македонските граѓаните.