Home АКТУЕЛНО Месото нема да поскапи, договорени мерки за поддршка

Месото нема да поскапи, договорени мерки за поддршка

0
Месото нема да поскапи, договорени мерки за поддршка

Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството.

Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април и нова субвенција од 3.000 денари за маторица во категоризирани фарми, се двете нови мерки, вредни скоро два милиона евра.

Во однос на втората нова мерка, дополни, договорено е воведување преку годинашната Програма за финансиска поддршка, субвенција од 3.000 денари по маторица.

Како што најави министерот Николовски, попладнево ќе се одржат средби и со одгледувачите на житни култури, за дефинирање на останатите мерки.