Home АКТУЕЛНО Нови 389 заразени, од нив 61 по вторпат – има 15 починати

Нови 389 заразени, од нив 61 по вторпат – има 15 починати

0
Нови 389 заразени, од нив 61 по вторпат – има 15 починати

Во иизминатите 24 часа направени се 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3),  Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г. Лицата за починати се пријавени во период од 19.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857 од кои  1.525 во Скопје.