Кошаркарската репрезентација падна едно место

Македонската машка кошаркарска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИБА и се наоѓаа на 53 место во светски рамки.

На пласманот на „црвено – жолтите“ на ФИБА ранкингот влијаеја двата порази од Грузија во февруарскиот циклус во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Најновото рангирање на ФИБА листата не донесе промени во „Топ 5“ и САД останаа на чело пред Шпанија, Австралија, Франција и Словенија.

Претходна вест150 илјади денари помош од Општина Аеродром за украинскиот народ
Следна вестКаде да се помоли црквичката во Кисела Вода за да биде отворена?