Борбите во Украина траат, министрите Лавров и Кулеба на средба во Турција

Воените дејствија во Украина траат и денеска. Со цел тоа да се надмине денеска има билатерална средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба. Се одржува во турскиот град Анталија. 

Кулеба преку Фејсбук кажа дека неговите очекувања од средбата се „ограничени”, бидејќи Русија продолжува со својата брутална кампања за бомбардирање и опсада на големите градови.

По нападот на болница во украинскиот град Мариупол, каде се повредени 17 лица украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот на објектот „воено злосторство“. Русија ги опиша тврдењата на Украина дека го извршила ужасното бомбардирање на детската болница во Мариупол како „лажни вести“, велејќи дека зградата повеќе не е породилиште и дека одамна била преземена од војници.

Украинската армија, пак, започна контранапад на руските сили со цел да го одбрани главниот град Киев, објави украинскиот јавен сервис „Сусплајн“, цитирајќи го советникот на министерот за внатрешни работи, Вадим Денишенко. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека рускиот конвој долг 40 милји во северозападниот дел на главниот град на Киев постигна „мал напредок“ за повеќе од една недела благодарение на украинската војска.

Во тоа подрачје повеќе од 10.000 луѓе вчера беа евакуирани од градовите во близина на Киев.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нуди комплициран модел за акциза кој никој не го разбра
Следна вестПриведен крадец од Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот