Граѓани од Влае бараат спортски терени наместо згради и паркиралишта

Општина Карпош да не го усвојува предлогот на ДУП за Градска четврт СЗ 19 туку тој да се укине и врати на ревизија, побара граѓанска иницијатива „Борба за Влае“. Во обраќањето до јавноста граѓаните од оваа подрачје предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот. Тоа ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот на живот, на сметка на згради и паркиралишта, односно објекти кои се во служба на нечии комерцијални интереси.

Преку инцијативата „Борба за Влае“, граѓаните повикуваат на реакција преку законското право на поднесување забелешки на ДУП-от преку анкетен лист кој треба да се пополни и достави до општината, најдоцна до 25 март. Во меѓувреме, овој петок, на 11-ти март во 14 часот, во просториите на УЗ Влае 2 ќе се одржи јавна презентација на планот каде граѓаните ќе можат да видат какви последици би имал планот врз нивната околина и да реагираат против неговото донесување.

-Овој простор покрај Вардар е ретко место каде може да се одмориме од секојдневието и автомобилите. Бараме објектот за спорт да се избрише и да останат отворени терени, повторно за спорт, но од отворен тип, како и да се образложи потребата од објектот за здравствена и социјална заштита на местото на тревникот. Бидејќи сметаме дека на Влае не му фали повеќе бетон ни згради на местото на зеленилото сакаме да го спречиме овој ДУП од донесување, велат од иницијативата.

Граѓаните потсетувата дека општината не смее да донесува одлуки без да ги консултира жителите на Влае, особено онакви одлуки кои ќе имаат долгорочни последици врз квалитетот на живот и на идните генерации.

-Сега е времето да се реагира, пред да се услови овој штетен ДУП, потенцираат од Иницијативата.

 

Претходна вестПриведен крадец од Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот
Следна вестРусија се повлекува од Советот на Европа: Нема да учествуваме во платформа на западниот нарцизам