Нови видиковци на местото на уништените, клупи и маси во „Рајски парк“

Нови видиковци, клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и други рекреативни елементи се поставени во „Рајскиот парк“ во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром од страна на ЈП „Паркови и зеленило“.

Од ова градско претпријатие информираат дека новите елементи се поставени на местото на постоечките павилјони, кои изминатиот период биле мета на вандалско уништување од страна на несовесни сторители. Поставуавњето е изврпено во соработка и по налог на Град Скопје.

-Тие се целосно обложени со средство за заштита од надворешни атмосферски влијанија, а на горниот дел на павилјоните се постави и шиндра. Распоредени низ зеленилото на повеќе локации, тие претставуваат составен дел од уредувањето на паркот, како неопходни парковски елементи за посетителите, велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

 

 

Претходна вестВандализмот никако да запре, во Дебар маало гореа пет контејнери
Следна вестСДСМ: Антикризните мерки даваат резултат