Одбележана 41-годишнината од формирањето на САЕ „Тигар“

Со свечена церемонија о показно-тактичката вежба во скопската касарна „Илинден“ Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска го одбележа 41-от роденден. На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

На свеченоста, премиерот Димитар Ковачевски рече дека оваа единица е олицетворение на професионалноста.

-Со нашето членство во НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија го адаптираше воено-безбедносниот систем според стандардите на НАТО. Во таков систем, според највисоките стандарди на Алиајнсата, свое најзначајно место има и САЕ “Тигар“ која е оспособена за борба со насилниот екстремизам и тероризам, да спроведува највисоки борбено-технички вештини, рече Ковачевски.

Срдечни честитки за 41-та годишнина од формирањето упатија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и командантот на „Тигрите“ Митко Даневски.

Според Даневски, „Тигар“ претставува професионална и високо опремена единица, која само во текот на минатата година имала обуки и вежби со зелените беретки на САД, како и специјалните единици „Кобра“ од Австрија, „Урна“ од Чешка, „Карабинерите“ од Италија и „Раи“д од Франција.

-Реализирани се повеќе од 100 акции за сузбивање криминалистички групи и апсење на вооружени лица, од кои 57 акции беа насочени кон спречување недозволена тргоција со наркотици и беа запленети повеќе од три тони наркотици и поголема количина на оружје. Извршени се и 69 упади во објекти и 13 препади на моторни возила со присилно запирање, при што лишени од слобода се 89 лица, изјави Даневски.

Претходна вестЖозеп Борел пристигна во Скопје
Следна вестЧетири млади лица тешко повредени во сообраќајка кај Тиквешкото езеро