Нема повредени патници во опожарениот автобус во Нерези

Без повредени патници поминал денешен пожар во автобусот на ЈСП „Скопје“ на линијата „57“, соопшти ова градско претпријатие.

Пожарот избувнал неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на на оваа градска линија.

-За среќа, нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, се наведува во соопштението.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.

-Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, наведува ЈСП „Скопје“.

Претходна вестМотоциклист тешко повреден во Скопје
Следна вестАрсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за булеварот АСНОМ