Шест починати и 322 нови заразени – или 14 отсто од тестираните

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 178, Битола – 31, Кавадарци – 19, Велес – 17, Куманово – 12, Прилеп – 11, Струмица и Кочани – по 9, Делчево – 8, Охрид и Кичево – по 6, Гевгелија и Ресен – по 3, Неготино, Радовиш, Берово и Богданци – по 2, Валандово и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (322), регистрирани се 42 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86г), во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај 5 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972, од кои 1.121 во Скопје.

Претходна вестНа плоштадот „Македонија“ вечерва ќе се прославува победата над Италија
Следна вестОсуммина диви копачи ќе одговараат за шверц на археолошко богатство