По викенд затишјето: Нови 310 заразени и шест починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани 4 починати лица од: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Пријавените лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782, од кои 1.006.

Претходна вестЗавршија преговорите, Украина прифаќа неутрален статус, има предлог и за Крим…
Следна вест„Падна“ уште еден член на Јавна соба