Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.
Според соопштението, обвинетиот во јануари 2021 година, преку сопствениот мобилен телефон, набавил и поседувал видеоснимки со детска порнографија кои преку мобилната апликација Телеграм, каде имал профил се приклучил во групата Јавна соба со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина. На телефонот презел повеќе фотографии и видеоснимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видео снимка со очигледни полови дејствија помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години. Таквите видео снимки ги зачувал во својот мобилен телефон што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот, велат од ОЈО Велес.
Заради обезбедување на присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог да продолжат мекрите на претпазливост кои му беа веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.
Пред две недели Кривичниот суд во Скопје донесе две пресуди за случајот „Јавна соба“, со тоа што креаторите на групата, односно основачот Дарко Костовски и администраторот на телеграм-групата Михаил Паневски.
Тие се гонеа кривично бидејќи дозволиле и да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.