На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, соопшти денеска МВР.
Во информацијата се наведува дека имало и 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање…, соопшти полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, предупредуваат од МВР.