Дваесетгодишна скопјанка прексиноќа била насилно заклучана во соба во хотел на подрачјето на Бит пазар по што усепала да избега, соопшти полицијата.
Во информацијата се наведува дека таа претходно била со лицето А.Ф. (36).
-На 28.03.2022 во 22.30 часот, М.Е.(20) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот со А.Ф.(36) отишла во хотел на подрачјето на Бит Пазар, но кога сакала да си замине, настанала расправија помеѓу нив и А.Ф. не ѝ дозволил и ја заклучил. Според пријавеното, таа го скршила стаклото и се јавила на С.М.(41), кој дошол и физички го нападнал А.Ф., наведува МВР.
Случајот во 03.00 часот во Полициската станица Бит Пазар го пријавило и лицето А.Ф.(36) од Скопје пријавил дека на 28.03.2022 околу 21.30 часот во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил нападнат со тврд предмет од С.М.(41) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.