Конечно основците не мора да носат маски во училиште

Заштитните маските нема да се задолжителни за основците при престојот во училиште. Конечно од денеска се трга настрана оваа мерка за која многу родители и медицински експерти долго време реагираа дека е несоодветна и бараа да се укине. Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта.

Од денеска одлуката стапува во сила, а оние ученици кои сакаат да носат маска можат тоа да го сторат. Наставниците ќе мора да носат маски и понатаму.

Владата, исто така, реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во Македонија со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина…

Претходна вестМилевски: Цела Македонија треба да биде горда на овие фудбалери
Следна вестУкраина со нов услов во преговорите, Русија не сака да го изложува Киев на голем воен ризик