ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада продолжува летово, СДСМ и ДУИ мора да паднат

Активната блокада продолжува летово, ако нема договор за избори преминува во целосна блокада на институциите, СДСМ и ДУИ мора да паднат, порача денеска партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска патрија најавува дека во текот на летото ќе преземе разни протесни активности ширум државата.

-Тимови од ИК на партијата и пратениците ќе ги посетат сите населени места со цел општа мобилизација на народот против власта која секој ден се повеќе не осиромашува. Доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, на патиштата се до договор за избори, се потенцира во соопштението.

Партијата додава дека штетата која се предизвикува со владеењето на СДСМ и ДУИ е поголема од било која друга штета.

-Предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која ќе ја извади државата од кризите, ќа стави крај на криминалот и корупцијата. Потребни се промени. Народот бара промени. Колку и СДСМ и ДУИ да се трудат да ги спречат промените тие ќе дојдат, се наведува во обраќањето до јавноста.

Претходна вестПочнува Петровденскиот пост
Следна вестСрпскиот патријарх Порфириј во посета на Охрид и Струга