Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се зголемув за половина денар за литар а на бензините поевтинува за 1,5 денари, информира денеска Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.
Се очекува РКЕ да излезе со официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.
-Литар дизел – гориво ќе се продава за 110 денари, колку што со намалувањето за 1,5 денари ќе изнесува и цената на бензинот од 95 октани, односно 110 денари, а пак бензинот од 98 октани ќе има цена од 112 денари, информира претседателот на РКЕ.
Одговорајќи на новинарско прашање врзано со новите цени на горивата тој рече дека на нив значително влије и крусот на доларот
-Освен цената на суровата нафта, врз конечната цена влијае и вредноста на американскиот долар, кој во моментов е 59 денари, објасни тој.