Едно лице е повредено синоќа во Куманово откако врз него падна метален предмет од зграда покрај која поминувал, соопшти полицијата.
-Вчера во 20.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово паднал тврд предмет од зграда при што со повреда се здобил Б.Ф.(25) од Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот, а повреденото лице било пренесено во ЈЗУ Општа болница Куманово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.
Според сознанијата, врз момчето паднал метален предмет со кој бил прицврстен еден од олуците на зградата.