Home АКТУЕЛНО Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, пешаците стасаа до 25 казни

Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, пешаците стасаа до 25 казни

0
Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, пешаците стасаа до 25 казни

На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 189 санкции, меѓу кои и 25 санкции за прекршоците што ги прават пешаците, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 60 санкции за брзо возење 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и девет мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, три мерки за возење под дејство на алкохол…, се наведува во информацијата.