Изгореа околу 100 прасиња во пожар во свињарска фарма во штипско Долани

Во штипското село Долани изгоре свињарска фарма. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот се случил синоќа во 21.30 часот, а го гаснеле  десет пожарникари со три противпожарни возила.

Изгорени се околу 100 мали свињи, но при интервенцијата спасени се осум мајки свињи и околу 100 мали свињи.

Не се знае која е причината за настанатот пожар. На терен ќе излезат полициски службеници со цел да се утврди како настанал пожарот.

Претходна вестИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, за СДСМ тоа е исполнување на желбата на Мицкоски
Следна вестОколу 20 автомобили се испокршени во катната гаража позади Буњаковец