Денеска се слави – денот на Армијата на Македонија. По тој повод има свеченост на која се обраќа и Претседателот и врховен командант на Армијата – Стево Пендаровски.
Честитка до началникот на генералштабот упати претседателот на Собранието Талат Џафери.
-Во име пратениците во Собранието на Република Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани, се вели во честитката од Џафери.
Во овие 30 години, се нагласува во честитката, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.
-Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на Евро – Атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката.