Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст и ќе се движи во интервал од 28 до 34°Ц. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, со можни попладневни врнежи. Температурата утрово се движи околу 18-от, а во текот на денот ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.

Претходна вестРевизорите го извадија „нечистиот веш“ на МВР: Издавани пасоши без процедура, купувана храна и пијалоци без тендери…
Следна вестСе празнува Успение на Пресвета Богородица, празник на мајката на животот