Две жени од Скопје пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња, информираат од МВР.
-На 27.08.2022 во 12:45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.Т.(90) од Скопје пријавила дека на улица „Февруарски поход“ била касната од куче скитник. Истот ден, во 13 часот во Полициска станица Карпош С.М.(52) од Скопје пријавила дека во населба Трнодол во Скопје била касната од куче скитник, соопштија од МВР.