СДСМ: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја три пати поскапа  

Христијан Мицкоски нема познавања од енергектиката, зборува невистини по логиката којашто очигледно тој ја применувал, соопшти денеска СДСМ.

Владеачаката партија наведува дека Мицкоски купувал за трипати поскапа струја.

-Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250е/MWh, во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh. Без никаква енергетска криза. Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ наведува дека Мицкоски лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.

Претходна вестМицкоски: Надлежните да престанат да крадат и да почнат да произведуваат струја
Следна вестКовачевски: Македонците во Албанија слободно да се изјаснат на пописот