Од утре нова автобуска линија „111“ од Сарај до Радуша

Од утре ќе почне да функционира нова абтобуска линија со број „111“од Сарај до село Радуша, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село. Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред : Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30. Од Радуша автобуските ќе тргнуваат во 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч часот.

Новата автобуска линија се воведува по барање на локалното население, и по изготвената анализа на терен која укала дека барањето е основано.

– Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.Во меѓувреме, ЈСП „Скопје“ во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места,  потенцираат од јавното сообраќајно претпријатие.

Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз од утре ќе функционира по делничен, зимски возен ред, а во сообраќајот ќе бидат вклучени и зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.

 

Претходна вест132 санкционирани возачи во Скопје, возеле пребрзо, поминувале на црвено…
Следна вестНамален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19