Потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Киршнер за влакно избегна атентат откако куршум се заглавил во цевката додека маж држел вперен пиштол во неа.Атентаторот веднаш бил уапсен. Кристина Фернандез де Киршнер ги поздравуваше поддржувачите пред нејзиниот дом кога еден маж излезе од толпата и и впери пиштол во лицето
Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но еден куршум се заглавил во цевката кога атентаторот го повлекол чкрапалото. Откриен е идентитетот на напаѓачот, а се работи за бразилскиот државјанин Фернандо Сабаг Монтиел.
Тој беше приведен од аргентинската федерална полиција. Обидот за атентат се случил за време на митингот на нејзините поддржувачи. Пред нејзиниот дом веќе неколку дена се одржуваат собири како одговор на тековното судење во кое таа е обвинета за корупција.
Портпаролот на полицијата изјави дека оружјето е пронајдено на неколку метри од местото на инцидентот. Мажот двапати се обидел да го повлече чкрапалото, но пиштолот не пукал.
Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.