Казнети 175 возачи во Скопје, 42 возеле пијани

Деновите на викенд не може да поминат без пијани возачи. Тоа го покажа и вчерашната контрола кога речиси секој четврт казнет возач бил во алкохолизирна состојба.

-Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје изрече вкупно 175 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28, за возење под дејство на алкохол 42 и 15 казни за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли.

Како што информира денеска МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.

Претходна вестШтом мора да се штеди, зошто не се укинат 2-3 министерства, па дел од 1346-те државни институции, па…? 
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство да се одважи и да отвори случај за аферата „Броило“