8-годишниот генијалец од Тетово, Македон Димитровски и оваа година успеа да освои медал на меѓународниот натпревар по математика. Нашиот математички генијалец годинава освои сребрен медал по математика во натпреварот „Математика без граници“.
Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот татко Владимир Димитровски.
-Македон освои сребрен медал на такмичењето „Математика без граници“ во зимската сесија, во конкуренција од 4142 учесници од 24 земји. Браво за нашиот математичар, напиша Димитровски на својот Фејсбук профил.
Инаку, малиот Македон има 134 коефициент на интелигенција.