Шок-бомба пронајдена пред деловен објект во Охрид

Вистинска дојава за бомба ноќеска пристигнала во СВР Охрид. Имено, станува збор за флеш шок бомба, несмртоносно оружје кое предизвикува силен блесок и дим.

– Вчера околу 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека пред деловен објект на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид била пронајдена флеш шок бомба. Таа била веднаш отстранета од Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Охрид, соопшти полицијата.

На местото на настанот увид извршиле и полициски екипи.

Претходна вестОд почетокот на војната во Украина, во Бугарија влегле околу 1,1 милион бегалци
Следна вестУченик избоде со нож професорка во Франција